TAIEX Работилница за заштита од електромагнетно зрачење (TEМPEST)Сараево, 23.10.- 24.10.2013 година
Во периодот, 23.10.- 24.10.2013 година тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на TAIEX работилница за TEМPEST опрема и TEMPEST зонирање. Целта на Работилницата беше унапредување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во обезбедување заштита на класифицирани информации преку заштита од компромитирачко електромагнетно зрачење и TEMPEST контрамерки. |