Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати
Скопје, 19 маj 2020 година
На 13 мај 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати. Правилникот може да го преземете на следниот линк:
Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2020 година
Програма за мобилност на државни службеници
Братислава, 24 февруари 2020 година
Во периодот помеѓу 24 и 28 февруари 2020 година во Братислава, Република Словачка, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зема учество во студиската програма за мобилност на државни службеници – „Дигитализација, дигитална економија и заштита на податоците“. Организирана од страна на ГЛОБСЕК и други истражувачки институти од земјите од Вишеградската група и финансиски поддржана од Меѓународниот вишеградски фонд, студиската програма имаше за цел споделување искуства на земјите од Вишеградската група а особено искуствата на Р. Словачка во области како што се сајбер безбедност, заштита на информациите, дигитализација на
Извештај за пристап до информации од слободен пристап за 2019 година
Извештајот може да го преземете на следниов линк: Извештај за пристап до информации од слободен пристап за 2019 година
Нов Закон за класифицирани информации
09 јануари 2020 година
На 123-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27.12.2019 година, усвоен е новиот Закон за класифицирани информации. Законот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019 и истиот влезе во сила на 3 јануари 2020 година. Законот може да го преземете на следниов линк: Закон за класифицирани информации
Билатерална соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија
Тирана, 22 ноември 2019 година
Во рамките на иницијативата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за подобрување на билатералната соработка и размена на искуства со земјите од регионот со кои Република Северна Македонија има склучено спогодби за размена и заемна заштита на класифицираните информации, во периодот од 21-22 ноември 2019 година, тричлена делегација од Дирекцијата престојуваше во Тирана, Република Албанија во посета на нивниот Национален безбедносен авторитет.
Безбедносен форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“
Охрид, 23-27 август 2019 година
Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на безбедносниот форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“ што се одржа во Охрид во периодот од 23-27 август 2019 година. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија, со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ од Германија, Одделот за јавна дипломатија на НАТО и Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.
TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република
Прага, 25-27 јуни 2019 година
Посета на претставници на националниот безбедносен авторитет за класифицирани информации на САД (NDPC)
Скопје, 14 јуни 2019 година
Договор со Црна Гора
Подгорица, 24 мај 2019 година
На 24 мај 2019 година во Подгорица, во рамките на првата заедничка седница на Владата на Црна Гора и Владата на Република Северна Македонија, беше потпишан Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора за размена и заемна заштита на класифицирани информации. |