Договор со Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации

Скопје, 26 февруари 2021 година

 

PictureНа 26 февруари 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации. Во име на двете влади, Договорот го потпишаа директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации, г. Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис. За време на средбата беше разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации. Воедно беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот.