Семинари и обуки
Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати
Скопје, 23 септември 2020 година
Во согласност со постојната законската регулатива како и во рамките на програмата на Владата на Република Северна Македонија за одржување редовни обуки за вработените во државните органи за безбедност при работа, на ден 21.09.2020 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше реализирана обука за ,,Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати” . Целта на обуката беше да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа на вработените во Дирекцијата.
Програма за мобилност на државни службеници
Братислава, 24 февруари 2020 година
Работилница за приоритетизација на активностите за имплементација на ЦАФ моделот
Дојран, 11-12 април 2019 година
Обука за класифицирани информации во ДЦАФ
Скопје, 12 септември 2018 година
Од страна на ДЦАФ беше побарана обука за припадници на собраниската служба што ракуваат со класифицирани информации, и тоа од областа на персоналната и административната безбедност на класифицирани информации. Истата беше одржана на 12.09.2018 година во просториите на ДЦАФ од страна на вработени во Дирекцијата.
Обука за класифицирани информации во Царинска управа на РМ
Скопје, 12 септември 2018 година
TAIEX Студиска посета на Република Словенија
Љубљана, 9-13 јули 2018 година
Во периодот од 09–13.07.2018 година инспекторите за безбедност на класифицирани информации реализираа студиска посета на Република Словенија, на тема инспекциски надзор и казнени одредби. Студиската посета беше организирана во соработка со НСА Словенија, со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Ефективни работни денови беа од 10-12.07.2018 година во просториите на НСА Словенија.
Регионална работилница во доменот на справувањето со тероризам и со кривичните дејства што се поврзани со насилен екстремизам
Тирана, 30 мај 2018 година
На 30 мај 2018 година во Тирана, Албанија, во организација на Регионалниот совет за соработка (RCC) од Сараево и Министерството за правда на Албанија, се одржа Регионалната работилница за службите за спроведување на законот/судските власти во доменот на справувањето со тероризам и кривичните дејства што се поврзани со насилен екстремизам. Настанот беше организиран под покровителство на ЕУ како составен дел од проектот на Центарот за демократска контрола над вооружените сили (DCAF) за регионални активности за спречување и справување во насилен екстремизам, спонзориран со IPA II 2016.
TAIEX Работилница во врска со заштитата на чувствителните информации
Скопје, 22-23 март 2018 година
Семинар за промоција на „Методологијата за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност“
Скопје, 4 мај 2017 година
На 04 мај 2017 година во хотел Солун во Скопје се одржа семинар за промоција на „Методологијата за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност“, проект финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и организиран во соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Учесниците на семинарот беа запознаени со текот на проектот и со изработката на Методологијата во соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Словенија, како и со видувањата за одржливоста на проектот, за евалуацијата на изработената методологија и за идните перспективи во однос на нејзината имплементација од страна на поголем број државни институции во Република Македонија.
TAIEX Работилница од доменот на сајбер безбедноста
Скопје, 20-21 април 2017 година
На 20-21 април 2017 година во хотел Арка во Скопје се одржа работилницата на тема „Улогата на Националниот безбедносен авторитет во процесот на воспоставување и оперативната работа на тимот за одговор на сајбер инциденти (CIRT)“, организирана од страна на ДБКИ и поддржана од ТAIEX инструментот на Европската комисија. На работилницата учествуваа педесетина учесници, и тоа претставници на ДБКИ и претставници на државни органи од земјата коишто имаат надлежности или учествуваат во работата на националниот тим за одговор на сајбер инциденти (CIRT). ![]() |