Состанок за заштита од сајбер нападиСкопје, 23 април 2013 година
На 23 април 2013 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во согласност со своите законски надлежности во доменот на информатичката безбедност на класифицираните информации, одржа работен состанок за информирање на учесниците за активностите што се преземаат во насока на дефинирање на потребите во Република Македонија за заедничка соработка меѓу државниот, јавниот и приватниот сектор во однос на безбедноста и заштитата од сајбер напади. |