Скопје, 13 јуни 2018 година
Директорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, м-р Верица Милеска Стефановска. По повод воспоставување на соработката, во оваа прилика претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа стручни предавања на тема: „Безбедносни проверки за правни и физички лица“ и „Физичка безбедност на објекти наменети за заштита на класифицираните информации“ кои ќе претставуваат значајни аспекти од областа на безбедност на класифицирани податоци поврзани со работењето на приватното обезбедување.