Потпишан Колективен договор за вработените во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 26 март 2026 година


На 26 март 2026 година директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Фљорим Јаја, со претставниците од синдикалните здруженија го потпиша Колективниот договор за вработените во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, со што се направи значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата.


Колективниот договор предвидува зголемување на платите на вработените во Дирекцијата, кое ќе се реализира во три фази по 7% во периодот од март 2026 до март 2028 година, при што платата на вработените ќе се зголеми до 40%. Дополнително, со овој договор се уредуваат правата, обврските и работниот статус на вработените, како и условите за работа, а со тоа се обезбедува поголема сигурност, подобра заштита на работничките права и појасна рамка за функционирање на институцијата.