Регионална онлајн работилницаСкопје, 28 април 2022 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во соработка и со поддршка на Регионалниот совет за соработка, на ден 28. 04.2022 година организираше регионална онлајн работилница со наслов: „Рефлективна работилница за точките на пресек помеѓу безбедносната свест и безбедносните аспекти на класифицирани информации„. Еминентни експерти од Европската комисија и Европската служба за надворешно десјтвување на Европската унија како и од Канцеларијата за безбедност на НАТО се осврнаа на концептот на безбедносната свест во контекст на заштита на класифицирани информации и презентираа механизми за подигање на бебедносната свест во ЕУ и НАТО соодветно. Свои презентации одржаа и претставници од Дирекцијата и од националните безбедносни авторитети од регионот на Југоисточна Европа a беа разменети и искуства помеѓу учесниците од регионот за овој важен сегмент од безбедноста на класифицирани информации. Онлјан рефлективната работилница се одржа во рамките на овогодинешното претседавање на Дирекцијата со Иницијативата за безбедносна соработка на националните безбедносни авторитети од Југоисточна Европа (SEENSA). |