Работилница за безбедносната политика на НАТО

Брдо, 25 – 29 септември 2017 година

 

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на работилницата за безбедносната политика на НАТО што се одржа во периодот од 25 до 29 септември 2017 година на Брдо, Словенија, во организација на Канцеларијата на НАТО за безбедност и Националниот безбедносен авторитет на Словенија. Работилницата беше наменета за претставници на земјите што не се членки на НАТО и за претставници на други меѓународни организации, со цел нивно запознавање со практичните искуства од примената на безбедносните регулативи и процедури на НАТО.
На маргините на работилницата, директорот на Дирекцијата оствари средба со директорот на Канцеларијата на НАТО за безбедност, г-ѓа Венди Башнан, којашто ја потврди поддршката од НАТО на работата на Дирекцијата и изрази желба Република Македонија наскоро да стане триесеттата земја членка на Алијансата.