Декларација

Националните безбедносни авторитети на земјите од регионот, и тоа: Република Албанија, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Унгарија, Република Црна Гора, Република Србија, Република Словенија и Република Македонија на Конференцијата одржана од 24-25 април 2007 година во Охрид, Република Македонија, со акламација ја прифатија следната

 

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

за подигање на нивото на односите и соработката
на Националните безбедносни авторитети на земјите од регионот

 

Тргнувајќи од темелните меѓународни документи за зацврстување на колективната безбедност и светскиот мир, согласно правото на секоја држава на индивидуална или колективна одбрана,

Раководејќи се од препораките, завршните и други документи поврзани со безбедноста во рамките на меѓународните организации како што се ООН, НАТО, ЗЕУи ОБСЕ,

Поздравувајќи ги одлуките на Алијансата за нејзина трансформација и натамошно проширување со развој на внатрешните капацитети, глобалното партнерство и процесот на отворени врати со цел за успешно справување со предизвиците на 21-от век и зачувување на заедничките вредности,

 

Националните безбедносни авторитети на земјите од регионот

  1. Ја потврдуваат трајната определба за градење, одржување и унапредување на меѓусебните односи и односите со меѓународните организации во областа на безбедноста;
  2. Ја искажуваат подготвеноста да дадат свој придонес во обезбедувањето и зачувувањето на мирот и безбедноста во регионот и  пошироко;
  3. Го истакнуваат значењето на Јадранската повелба за досега постигнатите резултати на патот кон целосна интеграција во НАТО и во ЕУ на земјите аспиранти Република Албанија, Република Хрватска и Република Македонија;
  4. Ја  поздравуваат одлуката за повикување на трите земји од регионот Република Босна и Херцеговина, Република Црна Гора и Република Србија да се приклучат кон Партнерството за мир и на Евроатлантскиот партнерски совет, имајќи го предвид нивното значење за мирот и безбедноста во регионот и пошироко;
  5. Ги охрабруваат активностите на земјите членки на НАТО, земјите аспиранти за членство во НАТО и земјите членки на Партнерството за мир за изградба на долгорочна стабилност во регионот и пошироко;
  6. Го истакнуваат значењето на соработката на билатерална и мултилатерална основа на Националните безбедносни авторитети од земјите во регионот во исполнувањето на стандардите на НАТО и вклучување во евроатланската безбедност и стабилност и
  7. Ја искажуваат подготвеноста за одржување на редовни годишни средби на националните безбедносни авторитети на земјите од регионот на највисоко ниво како јасен и недвосмислен сигнал  за зацврстување на колективната безбедност и светскиот мир.

24-25 април 2007 година, Охрид, Република Македонија