Посета на ENISA

Атина, 16 декември 2015 година

 

Во рамките на пилот проектот „Унапредување на сајбер безбедноста, заштита на информатичките и комуникациските мрежи – ENCYSEC“, претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше дел од групата што на 16 декември 2015 година ја посети Европската агенција за безбедност на мрежи и информации (ENISA) во Атина. Проектот е финансиран од ЕУ со поддршка на Инструментот за придонес кон стабилноста и безбедноста, управуван од EC DG DEVCO. Целта на проектот е подигање на степенот на безбедноста и отпорноста на мрежите за комуникациски технологии во Македонија, Молдавија и Косово преку градење и обучување на нивните капацитети и експерти за соодветно превенирање, одговор и истражување на сајбер нападите и/или случајните падови во мрежите. При посетата акцентот беше ставен на градењето капацитети за CERT, стратегиите за сајбер безбедност и подигање на свесноста за сајбер безбедност, како и на унапредувањето на меѓународната соработка.

 

Линк до текстот -> ENCYSEC Members visit ENISA