Проект ENCYSEC (Унапредување на сајбер безбедноста, заштита на информациите и мрежите за комуникација)
Париз, Франција, 20-21 мај, 2015 година (Работилница за заштита на критичната информациска инфраструктура)
Во периодот мај-јуни 2015 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа во циклус настани сврзани со промоција и имплементација на пилот проектот ENCYSEC. Проектот финансиран од ЕУ и имплементиран од страна на партнерските институции Expertise France и Civipol Conseil, има за цел зголемување на безбедноста и стабилноста на мрежите на информациско-комуникациските технологии во земјите корисници на проектот (Македонија, Молдавија и Косово). Проектот се состои од три компоненти: 1. Градење CERT капацитети, 2. Стратегии за сајбер безбедност и зголемување на безбедносната свест и 3. Унапредување на соработката: PPP и меѓународна соработка. |