Безбедносни сертификатиВрз основа на Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19) донесен е нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20). Со Правилникот е усвоена формата и содржината на новиот безбедносен прашалник кој почнувајќи од 20.05.2020 година е единствениот безбедносен прашалник кој барателите на безбедносен сертификат треба да го пополнат. Дополнително, согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*), Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*). Согласно член 41 став 2 од Законот за класифицирани информации(*) завршувањето на наведената обука претставува услов за добивање на безбедносен сертификат. По завршувањето на обуката и тестирањето, системот овозможува издавање на сертификат за завршена обука. До електронскиот систем за обука можете да пристапите од насловната веб страница на Дирекцијата или на следниот линк: https://lms.nsa.gov.mk. Барањата за издавање на безбедносен сертификат до Дирекцијата се доставуваат поединечно за секој барател одделно заедно со: -пополнетиот нов безбедносен прашалник; -сертификат за завршена обука за ракување со класифицирани информации; -копија од документ за идентификација (лична карта или патна исправа); -уверение за неодземена деловна способност не постаро од 6 месеци; -на лицето да не му е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност (уверение од надлежен орган; -лицето да не е осудувано (уверение за неосудуваност не постаро од шест месеци); Барањето за издавање на безбедносниот сертификат се означува со ознаката „ЗА ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА“. При пополнувањето на безбедносниот прашалник потребно е да се даде одговор на сите прашања и да се потпише изјавата што е дадена на крајот од прашалникот. Доколку за некои прашања се ма одговор, се наведува: /, НЕ, немам, неприменливо и сл. При одговарање на прашањата лицето што го пополнува прашалникот треба да имај на ум дека одговорите се потврдуваат и се разгледуваат заедно со информациите добиени во текот на безбедносната проверка. Во случаите кога е потребно издавање на НАТО безбедносен сертификат потребно е да се пополни и достави и англиската верзија на безбедносниот прашалник. Безбедносен прашалник (Се пополнува електронски) Безбедносен прашалник на англиски јазик (Се пополнува електронски) |