Средба во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ

Брисел, март 2011 година

 

Кон крајот на март 2011 година во Брисел, на покана на раководителите на секторите за информатичка безбедност и за безбедносна комуникација во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, г-дин Улрих Ван Есен и г-дин Себастијан Леоне, а во присуство на г-дин Стефан Витман, вработен во Секторот за информатичка безбедност, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), оствари средба и разговори сврзани со новите безбедносни правила на ЕУ донесени по Лисабонскиот договор, во однос на билатералната спогодба со ЕУ за размена на класифицирани информации и безбедносните аранжмани за нејзино спроведување.

Исто така, тема на разговор беа и процесите за информатичка безбедност во земјите членки на ЕУ, безбедноста на системите за крипто-комуникација, како и процесите за имплементација на овие системи за потребите на ДБКИ и нејзините регистри за класифицирани информации. Притоа, од страна на претставниците на Советот на ЕУ особено беше истакнат напредокот на ДБКИ во работата и поддршката којашто тие се подготвени да ја пружат во доменот на информатичката безбедност и крипто-заштитата. Воедно, на средбата беа дадени и одреден број стручни материјали на ЕУ сврзани за прашањата во доменот на информатичката безбедност и крипто-заштитата.