Усогласување текст на договор со Германија

Скопје, 25-26 септември 2008 година

 

Делегациите за билатерални преговори за усогласување текстови на спогодби за размена и заштита на класифицирани информации на Република Македонија и на Сојузна Република Германија во периодот од 25-26 септември 2008 година во Скопје остварија средба на којашто го усогласија текстот на Договорот за заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на двете замји.

Mакедонската делегација за билатерални преговори ја предводеше Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а членови беа претставници на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за одбрана на Република Македонија.

Германската делегација ја предводеше висок претставник на Националната безбедносна служба на Сојузна Република Германија, а членови беа претставници на Сојузното министерство за внатрешни работи,  Сојузното министерство за одбрана и Сојузното министерство за стопанство и технологија.

Во тек се активности за финално усогласување на текстот на Договорот.