Билатерална соработка

Билатерални преговори со Република Австрија

Скопје, 06-07 мај 2014 година
 
Во периодот од 06-07 мај 2014 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во Скопје се одвиваа билатерални преговори за усогласување на текстот на спогодбата за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу Делегацијата за водење преговори на Република Македонија за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави и Делегацијата на Владата на Република Австрија.
Македонската делегација ја предводеше директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а австриската делегација беше предводена од г. Грегор Шустершитц, раководител на Правната служба во Министерството за надворешни работи на Република Австрија.

Потпишан безбедносен аранжман со Словенечкиот НБА

Скопје, 15 април 2014 година

 

На 15 април 2014 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се потпиша Безбедносен аранжман за имплементација на размената на податоци за безбедносна соработка меѓу Словенечкиот НБА и Македонскиот НБА.
Безбедносниот аранжман го потпишаа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија и директорот на Канцеларијата за заштита на класифицирани информации на Владата на Република Словенија, г. Борис Мохар.

Спогодба со Република Србија

Белград, 28 февруари 2014 година

 

На 28 февруари 2014 година во Белград беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а во име на Владата на Република Србија, Спогодбата ја потпиша д-р Горан Матиќ, директор на Канцеларијата на Советот за национална безбедност и заштита на тајни податоци.


Прва фаза на билатерални преговори со Босна и Херцеговина

Скопје, 9-10 октомври 2013 година

 

Во периодот од 9-10 октомври 2013 година во Скопје започна првата фаза на билатералните преговори за размена и заемна заштита на класифицирани информации помеѓу владите на Република Македонија и на Босна и Херцеговина. Преговорите ги водеа претставници од Националниот безбедносен авторитет на Босна и Херцеговина и Делегацијата на Владата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави.

Прва фаза на билатерални преговори со Унгарија

Будимпешта, 4 септември 2013 година

 

На 04.09.2013 година на покана од Националниот безбедносен авторитет на Унгарија, во Будимпешта престојуваше Делегацијата на Владата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Работната средба на двете оовластени делегации е прва фаза од билатералните преговори за усогласување на текстот за склучување спогодба за размена и заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на Република Македонија и на Унгарија.

Возвратна посета на САД, Вашингтон Д.Ц.

Вашингтон Д.Ц., 3-7 јуни 2013 година

 

По покана на Директорот на Програмата за меѓународна безбедност при Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД, Питер Батен, Делегацијата на Владата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави оствари возвратна посета на Вашингтон Д.Ц. во периодот од 3 до 7 јуни 2013 година. Притоа, челеновите на македонската владина делегација беа запознаени со ракувањето со класифицираните информации и процедурите за нивна заштита од донесувањето на безбедносната политика за заштита на класифицирани информации сè до непосредната примена на процедурите од страна на крајните корисници.

Посета на делегација за преговори на САД на Република Македонија

Скопје, 5-9 ноември 2012 година

 

Во рамките на активностите за влегување во договорна соработка со САД во доменот на размената и заштитата на класифицираните информации, во периодот од 5 до 9 ноември 2012 година делегација на Министерството за одбрана на САД оствари работна посета на Република Македонија. Посетата беше дел од процедурата за билатерални преговори меѓу Република Македонија и САД за склучување генерална спогодба за размена на класифицирани информации во делот на одбраната. Целта на посетата беше анализа на постојната легислатива во Република Македонија за заштита на класифицираните информации и на конкретните услови за чување и ракување со класифицирани информации во рамките на државните органи и компании за наменско производство заради утврдување на компатибилноста на легислативите и практиките за ракување со класифицирани информации во двете земји.

Прва фаза од билатералните преговори со Кралството Шпанија

Мадрид, 02-04 октомври 2012 година

 

Во периодот од 2 до 4 октомври 2012 година на покана од Националниот безбедносен авторитет на Кралството Шпанија, во Мадрид ќе престојува Делегацијата за водење преговори на Република Македонија за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Работната средба на двете делегации ќе претставува прва фаза од билатералните преговори за усогласување на текстот на спогодба за размена и заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на Република Македонија и на Кралството Шпанија.

Договор за заемна заштита на класифицирани информции со Сојузна Република Германија

Скопје, 27 јули 2012 година

 

Договорот меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за заемна заштита на класифицирани информции беше потпишан на 27 јули 2012 година во Скопје.

Во име на Владата на Република Македонија договорот го потпиша м-р Никола Поповски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Во име на Владата на Сојузна Република Германија договорот го потпиша Н.Е. г-ѓа Гудрун Елизабет Штајнакер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

Втора фаза од билатералните преговори со Националниот безбедносен авторитет на Италијанската Република

Скопје, 16-19 мај 2012 година

 

Во периодот од 16 до 19 мај 2012 година во Република Македонија престојува делегација на Националниот безбедносен авторитет на Италијанската Република при што се одржа втората фаза од билатералните преговори за усогласување на текстот на спогодбата за размена и заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на двете земји.

Syndicate content