Јавна дебата

Скопје, 27 ноември 2008 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на јавната дебата во врска со предлог-измените на Законот за пристап до информации од јавен карактер што се одржа на 27 ноември 2008 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Спогодба со Естонија

Скопје, 20 ноември 2008 година

 

На 20 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Естонија за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во име  на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша м-р Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Во име на Владата на Република Естонија, Спогодбата ја потпиша г-дин Урмас Пает, министер за надворешни работи на Република Естонија.

Спогодбата, којашто Парламентот на Република Македонија ја ратификува во април 2009 година, влезе во сила на 1 јуни 2009 година.

Спогодба со Хрватска

Загреб, 14 ноември 2008 година

 

На 14 ноември 2008 година во Загреб беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Спогодба со Словачка

Скопје, 6 ноември 2008 година

 

На 6 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Обука за МВР - УБК

Струмица, октомври 2008 година

 

Во октомври 2008 година во Струмица, на барање на МВР – УБК, Дирекцијата изврши дводневна обука за работа со класифицирани информации за технички документаристи и аналитичари од Централата и од подрачните единици на УБК.

Усогласување текст на договор со Германија

Скопје, 25-26 септември 2008 година

 

Делегациите за билатерални преговори за усогласување текстови на спогодби за размена и заштита на класифицирани информации на Република Македонија и на Сојузна Република Германија во периодот од 25-26 септември 2008 година во Скопје остварија средба на којашто го усогласија текстот на Договорот за заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на двете замји.

Обука за Основен суд - Гостивар

Гостивар, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата изврши обука на вработените за работа и чување на класифицирани информации во Основниот суд во Гостивар.

Самит за информатичка технологија

Холандија, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата со свои претставници учествуваше на Самитот за информатичка технологија (INFOPROTECT Business Summit) во Холандија. На Самитот беа презентирани последните технолошки решенија во информатичката безбедност, а претставници на Дирекцијата остварија контакти со истакнати компании за информатичка технологија. Соработката со нив ќе продолжи во наредниот период.

Спогодба со Чешка

Прага, 27 август 2008 година

 

На 27 август 2008 година во Прага беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име  на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Обука за CIVIPOL

Скопје, јули 2008 година

 

Во јули 2008 година, како помош во реализацијата на проектот CIVILPOL на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата реализираше обука за претставниците на CIVILPOL во Република Македонија за важечките национални прописи и регулативи за работа со класифицирани информации. По обуката на присутните им беа издадени дозволи за пристап до национални класифицирани информации, со коишто им беше олеснето спроведувањето на нивниот проект на територијата на Република Македонија.

Syndicate content