Усогласување текст на спогодба со Словенија

Љубљана, 28-30 септември 2009 година

 

Во перидот од 28 до 30 септември 2009 година во Љубљана се одржаа завршните преговори за усогласување на текстот на билатералната спогодба со Република Словенија, пришто беше договорена конечната верзија на текстот на спогодбата. Спогодбата се очекува да биде потпишана во Скопје во почетокот на 2010 година.

Меѓународна конференција во Охрид

Охрид, 29-30 јуни 2009 година

 

Во периодот од 29-30.06.2009 година во Охрид, во хотел „Инекс Горица“, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржа меѓународна конференција на тема „Искуствата на НБА од подготовките и по зачленувањето во НАТО“. На Конференцијата зедоа учество делегации од националните безбедносни авторитети на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешка и Црна Гора, предводени од нивните директори или заменици-директори. На Конференцијата учествуваше и заменик-директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО од Брисел. Од страна на Република Македонија, покрај претставници на Дирекцијата како домаќин на Конференцијата, учествуваа и претставници од регистрите за класифицирани информации на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од повеќе министерства од земјата коишто директно се вклучени во работата со класифицирани информации

Спогодба со Украина

Охрид, 29 јуни 2009 година

 

Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за заемна заштита на класифицирани информации беше потпишана на 29.06.2009 година во Охрид, во рамките на меѓународната конференција „Искуствата на НБА од подготовките и по зачленувањето во НАТО“, организирана од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски

Обука за МНР

Скопје, мај 2009 година

 

Во мај 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа обука за вработените во Министерството за надворешни работи коишто заминуваат на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Инспекција од НАТО

Скопје, 27-30 април 2009 година

 

Како дел од редовните инспекции на Канцеларијата за безбедност на НАТО врз работата на ДБКИ, во периодот од 27 до 30 април 2009 година, во посета на Република Македонија престојуваше г-дин Роберт Кајл, претставник на НАТО Канцеларијата за безбедност (НОС), како дел од МАП тимот од НАТО кој вршеше оценка на подготовките на Република Македонија за членство во НАТО. Инспекцијата заврши со високи оценки за постигнатиот напредок на Дирекцијата.

Семинар

Охрид, април 2009 година

 

Во април 2009 година, во организација на Управата за безбедност и разузнавање при Министерството за внатрешни работи во Охрид се одржа семинар за обука на претставниците на службите за вршење оперативни безбедносни проверки. По барање на организаторот на тема „Оперативни проверки и издавање безбедносни сертификати“, предавање одржа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Средба со делегација од Црна Гора

Скопје, април 2009 година

 

На покана на Директорот на ДБКИ во април 2009 година беше реализирана средба и разговори на петочлена делегација на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора. На гостите им беа пренесени знаењата и искуствата од досегашната работа на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Воедно, со воспоставените контакти од највисоко, директорско ниво до ниво на експерти се отворија можности за поблиска соработка меѓу двете дирекции.

Посета на претставник од САД

Скопје, март 2009 година

 

По иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) за отпочнување преговори за потпишување билатерална спогодба за размена и заштита на класифицирани информации меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, во март 2009 година, во дводневна официјална посета на Дирекцијата беше г-дин Питер Батен, директор на Одделот за меѓународни безбедносни програми во Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД за политика.

Обука

Брисел, март 2009 година

 

Во март 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

Брифинг во Основен суд - Гостивар

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, како дел од редовните обврски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши брифирање на вработените во Основниот суд Гостивар.

Syndicate content