Работна посета на Босна и Херцеговина
Сараево, 12-13 април 2022 година
Во рамките на посетата на Сараево, на 12-13 април 2022 година, делегацијата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации го посети Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и оствари работна средба со претставници на Државниот безбедносен орган. За време на средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања од доменот на работата на националните безбедносни авторитети, вклучувајќи ја и соработката во рамките на иницијативите за регионална соработка SEENSA и 6S. За време на престојот во Сараево беше остварена средба и со раководителот на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (RCC), со кого беше извршена координација во однос на организацијата на годишната SEENSA конференција што ќе се одржи во септември 2022 година во Скопје, во рамки на овогодинешното претседаваштво на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со иницијативата SEENSA.
Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2022 година
На 05.03.2022 година, на пригоден настан, беше одбележана осумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беа најавени идни активности насочени кон зајакнување на позицијата на Дирекцијата во рамките на безбедносниот сектор во државата. По повод годишнината, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.
Договор со Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации
Скопје, 21 декември 2021 година На 21 декември 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во име на Владата на Соединетите Американски Држави, Договорот го потпиша амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз. Со овој договор се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.
Посета на Република Словенија
Љубљана, 27 октомври 2021 година
На 27 октомври 2021 година, делегација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ја посети Канцеларијата за заштита на тајни податоци на Владата на Република Словенија. За време на средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања од доменот на работата на националните безбедносни авторитети, вклучувајќи ја и соработката во рамките на иницијативите за регионална соработка SEENSA и 6S. За време на престојот во Љубљана беше реализирана посета и на Центарот за европски перспективи на Република Словенија. На средбата со извршниот директор на Центарот, г-ѓа Катја Гершак, беше разговарано за важноста на активностите насочени кон справувањето со ширењето дезинформации од надвор.
Интерен оглас 01/2021
Скопје, 23 јули 2021 година
Дирекција за безбедност на класифицирани информации - Оглас 01/2021
Коментар на Законот за класифицирани информации
Скопје, 07 јули 2021 година
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во соработка и со поддршка од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), на 07 јули 2021 година во Скопје, одржа конференција и презентација на публикацијата „Коментар на Законот за класифицирани информации“. Организирана во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија 2021-2026 година“ на ДЦАФ, конференцијата имаше за цел да го промовира Коментарот на Законот за класифицирани информации и да ги претстави новитетите во регулативата за заштита на класифицирани информации. Воедно, беа разменети мислења за потребата од подигање на безбедносната свест кај корисниците на класифицирани информации и беше промовиран Е-туториалот за класифицирани информации за реализација на таа цел.
Седумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2021 година
На 05.03.2021 година, на пригоден настан, со примена на пропишаните мерки за заштита и превенција на ширење на COVID-19 вирусот, беше одбележана седумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беше потврдена определбата на Дирекцијата и во иднина да биде главен стожер во заштитата на класифицирани информации и активно да учествува во одржувањето и унапредувањето на безбедноста на државата. По тој повод, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.
Договор со Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации
Скопје, 26 февруари 2021 година
На 26 февруари 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации. Во име на двете влади, Договорот го потпишаа директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации, г. Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис. За време на средбата беше разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации. Воедно беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот.
Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати
Скопје, 23 септември 2020 година
Во согласност со постојната законската регулатива како и во рамките на програмата на Владата на Република Северна Македонија за одржување редовни обуки за вработените во државните органи за безбедност при работа, на ден 21.09.2020 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше реализирана обука за ,,Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати” . Целта на обуката беше да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа на вработените во Дирекцијата.
Нов Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати...
Скопје, 8 јуни 2020 година
На 08 јуни 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2020 беше објавен новиот Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати и за пополнетите безбедносни прашалници и на посебнaта евиденција за издадените дозволи за пристап до класифицирани информации. Правилникот може да го преземете на следниот линк: |