Посета на претставник од САДСкопје, март 2009 година
По иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) за отпочнување преговори за потпишување билатерална спогодба за размена и заштита на класифицирани информации меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, во март 2009 година, во дводневна официјална посета на Дирекцијата беше г-дин Питер Батен, директор на Одделот за меѓународни безбедносни програми во Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД за политика. Првичната средба заврши успешно и се очекува во наредниот период преминување во втора фаза на преговори меѓу Делегацијата за преговори на САД и Делегацијата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави, предводена од директорот на ДБКИ. |