Cyber Czech 2016Брно, Чешка Република, 28 февруари 2017 – 01 март 2017 година
Тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот од 28 февруари до 1 март 2017 година во Брно, Република Чешка учествуваа на техничка вежба за сајбер безбедност насловена како „Симулација на сајбер безбедност“ - (Cyber Security Simulation), која се одржа на Универзитетот Масарик. Настанот беше организиран од страна на Европската Комисија со помош на TAIEX инструментот, во соработка со Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република. Покрај учесниците од Македонија, имаше претставници и од други балкански земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Вежбата беше одржана во кибернетскиот полигон во просториите на Институтот за информатика кој е во составен дел од Универзитетот Масарик во Брно. Овој настан беше спроведен во форма на симулација во затворено специјално модифицирана техничка средина. |