Cyber Czech 2016

Брно, Чешка Република, 28 февруари 2017 – 01 март 2017 година

 

Тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот од 28 февруари до 1 март 2017 година во Брно, Република Чешка учествуваа на техничка вежба за сајбер безбедност насловена како „Симулација на сајбер безбедност“ - (Cyber Security Simulation), која се одржа на Универзитетот Масарик. Настанот беше организиран од страна на Европската Комисија со помош на TAIEX инструментот, во соработка со Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република. Покрај учесниците од Македонија, имаше претставници и од други балкански земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Вежбата беше одржана во кибернетскиот полигон во просториите на Институтот за информатика кој е во составен дел од Универзитетот Масарик во Брно. Овој настан беше спроведен во форма на симулација во затворено специјално модифицирана техничка средина.
Вежбата беше базирана на сценарио што претставува одраз на инцидентите и лекциите од реалниот свет. Учесниците имаа можност да подготват одбрана на дадена компјутерска мрежа од сајбер напади. Целта на оваа вежба беше да се зајакнат техничките вештини на учесниците во одбраната на компјутерски мрежи од сајбер-напади и да се изградат капацитети за одбрана на критичната инфраструктура со информации. Поделени во мали тимови учесниците имаа за задача да се соочат со пософистицирани инциденти и настани. Задачата на оваа вежба не беше само да се одговори на нападите и техничките проблеми исто така и да се справи со медиумите и нивното влијание односно работа под притисок кој претставуваа дел од сценариото по кое се одвиваше вежбата.