Истражувачка работилница од напредно ниво на тема „Подигање на степенот на свесноста за сајбер одбрана на Балканот“

Скопје, 17-19 март 2015 година

 

Во периодот од 17 до 19 март 2015 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на истражувачката работилница од напредно ниво под наслов „Подигање на степенот на свесноста за сајбер одбрана на Балканот“ што се одржа во Скопје, спонзорирана од НАТО Програмата за мир и одбрана и организирана од страна на Евроатлантскиот младински клуб на Бугарија и Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир во Македонија.
Главната цел на работилницата беше да се подигне степенот на свесноста за сајбер одбрана, како да се создаде стратегија, рамка и институции коишто ќе се справуваат со секојдневните сајбер закани во сајбер просторот. Притоа, работилницата беше фокусирана на заемните сајбер закани на Западен Балкан, на обуката на тимовите за брз одговор, на изработување стратегии, на комплексноста на хибридните војни и улогата на социјалниот и човечкиот фактор во справувањето со таквите закани. Во овој контекст беше презентиран Балтичкиот пристап кон прашањето за подигање на степенот на сајбер свеста.
Предавачи и учесници на работилницата беа експерти од академските и социјалните кругови од земјите во регионот со големо искуство во сајбер областа, сајбер војните и информатичката безбедност.