Сектор - Служба за воена безбедност и разузнавање (ССВБиР)Во согласност со член 50 од Законот за класифицирани информации, на барање на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана ги врши оперативните проверки од прв, втор и трет степен за сите воени лица на служба во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Воената служба за безбедност и разузнавање се во постојана комуникација при што се остварува соработка на високо професионално ниво.
|