Нова Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба(*)

Скопје, 2 октомври 2023 година

 

На 29 септември 2023 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 204/2023 беше објавена новата Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба (*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:


Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба(*)

Нова Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)

Скопје, 19 jули 2022 година

 

На 11 јули 2022 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/2022 беше објавена новата Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:


Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)


Picture

Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник

Скопје, 20 април 2021 година

 

Безбедносниот прашалник, уреден со Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20) е образец што се пополнува од страна на лицето кандидат кој има потреба да поседува безбедносен сертификат (национален, НАТО или ЕУ) во зависност од степенот на класифицираните информации (ДОВЕРЛИВО, СТРОГО ДОВЕРЛИВО или ДРЖАВНА ТАЈНА) до кои тоа лице има потреба за пристап согласно принципот „потребно е да знае“. Безбедносниот прашалник се пополнува електронски, лично од страна на кандидатот, на македонски јазик со кирилско писмо.
Подетални насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник може да најдете во следниов документ:


Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник


Во продолжение може да ги најдете безбедносните прашалници:


Безбедносен прашалник (Се пополнува електронски)


Безбедносен прашалник на англиски јазик (Се пополнува електронски)


За соодветно пополнување на безбеносните прашалници препорачуваме употреба на:
Adobe Acrobat Reader или Foxit Reader


Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 22 јуни 2020 година

 

Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*).

До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк:


Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]


Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)


Тирана, 15-19 септември 2024 година

Во периодот од 15-19 септември 2024 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 38-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Тирана, Република Албанија. На пленарната конференција, покрај делегатите на 38-те членки, вклучувајќи го и Сингапур кој за прв пат учествуваше на MISWG во улога на членка по формалното пристапување во февруари оваа година, учествуваа и делегати на меѓународните организации коишто имаат улога на набљудувачи на MISWG. На покана на домаќинот, на пленарната конференција учествуваше и Косовo во улога на гостин.

20 години Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2024 година

 

Picture
На 05.03.2024 година, на пригоден настан, беше одбележана 20-годишнината од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По повод овој значаен јубилеј, на надворешни соработници и вработени административни службеници во Дирекцијата, како признание за соработката и дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на целите и задачите на Дирекцијата, им беа доделени благодарници и пригодни плакети.

Реализација на првата фаза од иницијативата за билатерална техничка помош од Република Словенија

Скопје, 26-28 февруари 2024 година


Во рамките на иницијативата за билатерална техничка помош од Министерството за надворешни работи на Република Словенија за реализација на проект на тема „Зајакнување на отпорноста на системот за заштита на класифицирани информации со нагласок на ублажување на ризиците во судските органи“, во периодот од 26 до 28 февруари 2024 година во Скопје престојуваше делегација на Владината канцеларија за заштита на класифицирани информации на Република Словенија. Со тоа беше реализирана првата фаза од проектот на којашто беа дискутирани повеќе прашања од доменот на заштитата на класифицираните информации.

Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)


Цирих, 11-15 септември 2023 година

Во периодот од 11-15 септември 2023 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 37-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Цирих, Швајцарија. На конференцијата присуствуваа претставници на националните безбедносни авторитети на триесет и седум земји и претставници на НАТО, на Европската Комисија, на Европската вселенска агенција (ESA), на Европската одбранбена агенција (EDA) и на Организацијата за заедничка соработка во вооружувањето (OCCAR). На конференцијата учествуваше и делегација на Сингапур во улога на аспирант за членство во MISWG.

Фокусот на конференцијата беше ставен на реализираните активности во рамките на форумот, на размената на искуствата и знаењата меѓу учесниците во однос на примената на стандардите и развојните процеси од областа на индустриската безбедност, како и на следните чекори што ќе бидат преземени во насока на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на форумот.

Тринаесетта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Охрид, 28 август 2023 година

 

Syndicate content