Охрид, 29 јуни 2009 година
Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за заемна заштита на класифицирани информации беше потпишана на 29.06.2009 година во Охрид, во рамките на меѓународната конференција „Искуствата на НБА од подготовките и по зачленувањето во НАТО“, организирана од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Од страна на Кабинетот на министри на Украина, Спогодбата ја потпиша г-дин Павленко Анатолиј, заменик-претседател на Службата за безбедност на Украина.