Скопје, 27 септември 2022 година
На 27 септември 2022 година се одржа 12-тата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA) која што беше организирана во рамките на претседавањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (Национален безбедносен авторитет на Република Северна Македонија) со SEENSA со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС). Покрај претставниците од Дирекцијата и РСС, на конференцијата учество земаа и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора како и претставник од Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Акцентот на конференцијата беше ставен на тековните активности, предизвиците и плановите за натамошно зајакнување на заштитата на класифицираните информации на национално и регионално ниво. Презентации за сајбер безбедноста и ЕУ интеграциите одржаа реномирани експери од соодветните области што дополнително ја збогати целокупнта програма на конференцијата. Иднината на SEENSA и облиците на натамошна соработка помеѓу националните безбедносни авторите беа исто така предмет на дискусија. Во тој поглед, едногласно беше усвоенo дека SEENSA треба да продолжи и понатаму да се развива како докажана инклузивна практична алатка за соработка.