Скопје, декември 2008 година
Во соработка со „ГОРД Системи“ – Скопје, во декември 2008 година е изработен софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати и дозволи за пристап до класифицирани информации – национални, ЕУ и НАТО, и истиот е имплементиран во Одделението за безбедност на физички и правни лица во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Фазата на тестирање на софтверот ќе трае од јануари до март 2009 година.
По целосно имплементирање на софтверот ќе се премине на наредни фази за негова примена во Централниот регистар на ДБКИ и во регистрите за класифицирани информации во министерствата и во другите државни органи, со што ќе се овозможи нивно поврзување.