Охрид, 28-29 јуни 2007 година
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации активно учествуваше во подготовките и во реализацијата на Безбедносниот форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС), што се одржа во Охрид на 28 и на 29 јуни 2007 година.
Во повеќемесечните подготовки за Форумот ДБКИ преку своите претставници во Секретаријатот за организација на настанот, им ја доближи на сите учесници безбедносната политика на НАТО во областа на класифицираните информации, на административната безбедност и на безбедноста на лица корисници на класифицирани информации. Организаторите и учесниците на настанот со помош на ДБКИ ги имплементираа строгите стандарди на НАТО, што за Република Македонија значи уште еден чекор кон приближувањето до поканата за членство во Алијансата. Во доменот на својата работа, ДБКИ и соодветните служби извршија проверки и издадоа 1711 НАТО безбедносни сертификати за физички лица, според кои НАТО ги издава пасовите, потребни за влез во административните и безбедносните зони при вакви настани.
Дирекцијата, исто така, го организираше обезбедувањето услови за ракување и чување на класифицираните информации за време на Форумот според НАТО стандардите, кои веќе станаа и стандарди на Република Македонија.
За добро завршената работа, координативното тело на НАТО на учесниците од ДБКИ им додели благодарници за исклучителна поддршка на Безбедносниот форум на ЕАПС.