Подгорица, 29 септември 2016 година
На 29 септември 2016 година во Подгорица, Република Црна Гора, се одржа Шестата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На конференцијата, чиј ко-претседавач беше генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC), г. Горан Свиларевиќ, учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Романија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Република Црна Гора.
Акцентот на конференцијата беше ставен на предлогот за изгледот и содржината на веб-страната на SEENSA со нагласок на нејзиниот информативен, едукативен и, пред сѐ, интерактивен карактер, како и на искуствата од 6S форумот на соработка меѓу националните безбедносни авторитети на земјите од поранешна Југославија и можностите за добивање поддршка од Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC) преку поврзување на активностите во рамките на двете иницијативи за соработка.