Скопје , 14-18 декември 2015 година
Во периодот од 14 до 18 декември 2015 година, претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на обуката за „Заедничка надворешна безбедносна политика и сајбер безбедност“ (CFSP and cyber security) што се одржа во организација на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во Центарот за обуки на Секретаријатот во Скопје.
Обуката беше организирана во рамките на петтиот циклус на обуки на Норвешкиот проект: Одржлив систем на ЕУ обуки и учењe, чијашто цел е зајакнување на аналитичките капацитети на работните групи за подготовка на НПАА, во подготовка на првата фаза на преговори (аналитички преглед на acquis). Како резултат на тоа, обуката беше наменета за вработени од СЕП и за лица коишто се членови на соодветните НПАА поглавја: 31 - Заедничка надворешна и безбедносна политика и 24 - Правда, слобода и безбедност, односно за лица со активно членство во НПАА работните групи и координативните структури за работа на подготовката, ревизијата и мониторингот на НПАА. Целта на обуката Програма 5 беше јакнење на аналитичките капацитети и напредно знаење во областа на Заедничката надворешна безбедносна политика (CFSP) и Заедничката одбранбена и безбедносна политика (CDSP).
Обуката ја спроведоа проф. д-р Луис Симон Наваро, професор истражувач на Институтот за европски студии во Брисел и д-р Патрик Павлак, аналитичар во Одделот за надворешни политики во Службата за истражување на Европскиот парламент.