Париз, Франција, 20-21 мај, 2015 година (Работилница за заштита на критичната информациска инфраструктура)
Талин, Естонија, 14-18 јуни, 2015 година (студиска посета)
Прага, Чешка Република, 29-30 јуни, 2015 година (Вежба за сајбер безбедност со фокус на владин/национален CIRT и мрежна форензика)
Во периодот мај-јуни 2015 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа во циклус настани сврзани со промоција и имплементација на пилот проектот ENCYSEC. Проектот финансиран од ЕУ и имплементиран од страна на партнерските институции Expertise France и Civipol Conseil, има за цел зголемување на безбедноста и стабилноста на мрежите на информациско-комуникациските технологии во земјите корисници на проектот (Македонија, Молдавија и Косово). Проектот се состои од три компоненти: 1. Градење CERT капацитети, 2. Стратегии за сајбер безбедност и зголемување на безбедносната свест и 3. Унапредување на соработката: PPP и меѓународна соработка.
Со учеството во различните видови модели на учење одржани на различни места во Европа, претставниците на Дирекцијата се стекнаа со сознанија за начините на градење локални и институционални капацитети како најадекватно да се спречи, реагира и соодветно одбрани од сајбер напади и/или други случајни ризици.