23 октомври 2014 година, Белград
Македонска делегација, составена од двајца претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и еден претставник на Министерството за информатичко општество и администрација, учествуваше на првиот состанок на тематската работна група на SEENSA за сајбер одбрана што се одржа во Белград, на 23 октомври 2014 година, во коорганизација на Канцеларијата на Советот за национална безбедност и заштита на класифицирани информации при Владата на Република Србија и Регионалниот совет за соработка на ЕУ. На состанокот, делегацијата ги презентираше актуелните состојби и законските прописи во доменот на сајбер одбраната во Република Македонија.
Целта на состанокот беше размената на искуства и идеи на службите од регионот и развивањето заеднички регионален пристап и стандарди за унапредување на одбраната од сајбер напади насочени кон класифицираните информации.