20-23 октомври 2014 година, Сараево
Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на првата конференција на тема „Индустриска безбедност и безбедносни проверки“ што се одржа во Сараево, во периодот од 20 до 23 октомври 2014 година, во организација Секторот за заштита на тајни податоци - Државен безбедносен орган при Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина. Тие на конференцијата ги презентираа актуелните состојби и планови за развој во доменот на индустриската безбедност на класифицирани информации во Република Македонија.
Целта на конференцијата беше унапредување на правните прописи и организацијата на работата во доменот на индустриската безбедност и заштитата на класифицираните информации на безбедносните органи.