Прага, 27 август 2008 година
На 27 август 2008 година во Прага беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Во име на Владата на Чешката Република, Спогодбата ја потпиша г-дин Душан Навратил, директор на Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република.
Спогодбата, којашто Парламентот на Република Македонија ја ратификува во април 2009 година, ќе влезе во сила на 1 октомври 2009 година.