Спогодба со Словачка

Скопје, 6 ноември 2008 година

 

На 6 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Во име на Владата на Словачката Република, Спогодбата ја потпиша г-дин Франтишек Бланарик, директор на Националниот безбедносен авторитет на Словачката Република.

Спогодбата што беше ратификувана од Парламентот на Република Македонија во јануари 2009 година, влезе во сила на 1 април 2009 година.