Загреб, 14 ноември 2008 година
На 14 ноември 2008 година во Загреб беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Хрватска, Спогодбата ја потпиша г-дин Ладислав Пивчевиќ, директор на Канцеларијата на Советот за национална безбедност на Република Хрватска.
Спогодбата, којашто Парламентот на Република Македонија ја ратификуваше во јануари 2009 година, влезе во сила на 10 јули 2009 година.